Реприза на театарска претстава,„Мирјана и тие околу неа“, по повод Светскиот ден на театарот

Мирјана( Жаклина Ангелеска), како многу од нас, оди на работа, пие кафе, пуши (многу) и (се обидува да) ЖИВЕЕ, со своето минато, кое ја прогонува во ликот на мајката Вера (Тамара Рогозинова), кое сака да го заборави заедно со поранешниот маж, Симон ( Виктор Петрески)...
Тука е и суровата сегашност, олицетворена во ќерката во пубертет(Емилија Славковска) која сака да стане славна, младиот љубовник Луцио (Петко Костовски) сосетката Гроздана (Зорица Стојменова), постариот љубовник Јаков (Дарко Набаков) и неговата сопруга Анкица( Елена Маневска)...

Приказната им ја напиша Ивор Мартиниќ, животот им го збогати со светло и музика Драган Тодоровски, а им го изрежира Жаклина Ангелеска- Костадиновски...

Животот е... шолја кафе...

Повелете!!!

 
Symbol