Мартин Лазаревски - за „Уште еднаш за Моцарт и Салиери“ 2004 год.

 

„Уште еднаш за Моцарт и Салиери“, како уште една варијација на вечна тема извлечена од исконот и довлечкана денес пред нашето вџашено сознание за вистината која сепак постои! Вистина, која плачно ни раскажува за крвавите борби на контрастите: младо-старо, ново-архаично, обично-генијално... ставајќи ги на кантар човековите особини: од една страна: желбата да си над некого, односно стравот да си под некого, и на друга страна - моќта да го совладаш противникот, односно немоќта да се совладаш себе си.

Пред нас се две личности: Моцарт и Салиери како музичари, Моцарт и Салиери како актери, како лекари, како адвокати, новинари, пилоти, морнари, работници, Моварт и Салиери како обични луѓе „што се туркаат по трамваите, кои зјапаат во телевизорите, и грицкаат семки по стадионите...“, две мултипликации на човечното и човечкото, кои војуваат меѓусебе во арената „театар во театар“ - што е најголемиот театар! односно во маскарадата „живот во живот“. Единственото оружје им се материјата и духот кои, како неми сведови, надвиснале некаде во просторот и времето наметнувајќи прашања... безброј прашања... безброј „одговори“... Кој е Моцарт во нашите животи?... Каде длабоко во нас е закопан Салиери?... Дали ние сме нечиј Моцарт?... Дали совеста Ви е чиста?!...

Повелете на соучесништво!!!

Мартин Лазаревски

 
Symbol