УПИС

За сите вљубеници во ТЕАТАРОТ...
Театар Чекори објавува:
Започна февруарскиот упис на нови членови!!
Повелете!!!

 

 

П Р Е М И Е Р А

Ве известуваме дека Отворената Сцена Театар „Чекори“ – Скопје, на 1-ви ноември (Вторник) од 20:00 часот, во домот за култура „Димитар Влахов“ – Автокоманда, премиерно ќе ја изведе претставата „Нова сезона“, по текст на Вељко Радовиќ. (Покани за премиерата може да обезбедите во Театарот, кај учесниците во претставата или да резервирате не еден од телефонските броеви 070-429-581 и 071-723-631)

Оние кои што нема да можат да дојдат на премиера или да обезбедат покани, ќе може да ја гледаат репризата на 5ти ноември (сабота) со почеток во 20 часот

Во пиесата учествуваат 
Дарко Набаков, Мирјана Трпковска, Емилија Славковска, Мирослав Блажески, Тамара Рогозинова, Зорица Стојменовска, Петко Костовски, Драган Тодоровски, Ѓорѓи Поп-Ѓорѓиев и Жаклина Ангелеска-Костадиновски.

НЕКА ТАЛИЈА И МЕЛПОМЕНА НИ БИДАТ ВЕЧНО НАКЛОНЕТИ!!!
Со почит
О.С. Театар „Чекори“ – Скопје

 

 

У П И С

 

Комеморација

Театарот не разобличува,
Ни заповеда да егзистираме
Во времето и просторот
Не зауздува и
Ги разнебитува злите јазиците
...Мајстори на човековото злокобие
Белег на општеството
Каде сите „ние“ и „оние“ се воеткаме
Во мигот,вечноста-непреболие...

* * *

ако е Театар
тој е вечно жив
ако е Театар
историја е и ука за болките како непребол
ако е Театар
народ е дух и држава
ако е Театар
тој не храни и не евидентира во времето и просторот
ако е Театар
тој е можеби држава или религија
ако е Театар
дух е мисла и вселена
ако е Театар
минато е сегашност и иднина ...

...ако е Театар
тој е наша, твоја должност во општеството
како жител
како граѓанин
како човек
а не привилегија на поединецот...
Боре Ангеловски

 

 
Повеќе Теми...
Symbol