П Р Е М И Е Р А

Почитувани ве известуваме дека ОС Театар Чекори, во четврток (04.07.2013) со почеток во 20 часот премиерно ќе ја изведе преставата „Сонот на смешниот човек“. Монодрама, по текст на Достоевски, во изведба на Петко Костовски...
...музика Драган Тодоровски, светло Дарко Набаков...


Повелете заедно да сонуваме!!!


 

Реприза на театарска претстава,„Мирјана и тие околу неа“, по повод Светскиот ден на театарот

Мирјана( Жаклина Ангелеска), како многу од нас, оди на работа, пие кафе, пуши (многу) и (се обидува да) ЖИВЕЕ, со своето минато, кое ја прогонува во ликот на мајката Вера (Тамара Рогозинова), кое сака да го заборави заедно со поранешниот маж, Симон ( Виктор Петрески)...
Тука е и суровата сегашност, олицетворена во ќерката во пубертет(Емилија Славковска) која сака да стане славна, младиот љубовник Луцио (Петко Костовски) сосетката Гроздана (Зорица Стојменова), постариот љубовник Јаков (Дарко Набаков) и неговата сопруга Анкица( Елена Маневска)...

Приказната им ја напиша Ивор Мартиниќ, животот им го збогати со светло и музика Драган Тодоровски, а им го изрежира Жаклина Ангелеска- Костадиновски...

Животот е... шолја кафе...

Повелете!!!

 

У П И С

За сите вљубеници во ТЕАТАРОТ...
Театар Чекори објавува:
Започна мартовскиот упис на нови членови!!
Повелете!!!


 

Реприза - Крадци на времето

Претстава за деца, и оние кои се чувствуваат како деца. Театар Чекори ве поканува на реприза на претставата „Крадци на времето“.

11.11. 2012, 19:00, недела Дом на култура „Димитар Влахов“ Автокоманда

По текст на Лев Устинов и Љубиша Ѓокиќ
Во главните улоги: Емилија Славковска, Дарко Набаков, Петко Костовски, Елена Маневска, Зорица Стојменовска
Музика и светло: Драган Тодоровски
Режија: Жаклина Ангелеска-Костадиновски

 

П Р Е М И Е Р А

Ова е приказна за две деца, Крадла и Бандит, кои се обидуваат да го украдат времето ... Но времето го чува, Чуварот на времето... Зората, Денот...
Дали ќе успеат во својата намера?
... Сите чуда на овој свет, чистиот воздух, чистата вода, волшебните бои на годишните времиња, им припаѓаат на сите деца...


Претстава за деца, и оние кои се чувствуваат како деца

31. 10. 2012, среда Дом на култура „Димитар Влахов“ Автокоманда

Влез со покани набавете си на тел.071-723-631

По текст на Лев Устинов и Љубиша Ѓокиќ
Во главните улоги:Емилија Славковска,Дарко Набаков,Петко Костовски, Елена Маневска, Зорица Стојменовска
Музика и светло:Драган Тодоровски
Режија: Жаклина Ангелеска-Костадиновски


 
Symbol